Една од загинатите во автобусот кај селото Ласкарци завчера е и 63-годишната Трпана Јанеска.

Пензионерката се враќала дома откако го посетила внучето и семејството на ќерката во Скопје.

Во катастрофалната несреќа загинаа:

  1. Раметула Абдураими, единец во семејството Абдураими
  2. Валдете Хамити (1989), од Дебреште, мајка на две деца
  3. Јовица Трпевски, од Гостивар, син на пратеникот Благојче Трпевски
  4. Арсен Арсовски
  5. Онур Садику (19), од Гостивар
  6. Есат Емрули, од Гостивар
  7. Ајдин Исмаили (19) од Гостивар
  8. Бесим Фетаи, од Врапчиште
  9. Бејза Узеири, од Долна Бањица
  10. Зоран Давидовски (1981), вработен во Град Скопје
  11. Бобан Аврамовски, студент на ФОН
  12. Трпана Јаневска, пензионерка од Гостивар
  13. Дејан Ристевски, вработен во Народна банка на Македонија
  14. Павле Костоски, од Гостивар, дипломец на правниот факултет во Скопје

 

Повредени се 37 лица, од кои 29 се лекуваат во Градската општа болница „8 Септември“, шест се во Клиничкиот центар, а двајца пациенти се во Тетовската болница. Повредените се на возраст од 15 до 65 години.

Од Основното јавно обвинителство вчера рекоа дека Интензивно работат на утврдување на сите детали кои можат да ги откријат причините за несреќата.

„Автобусот на компанијата ’Дурмо турс‘, кој преминувајќи преку двете сообраќајни ленти излета од автопатот и се преврте во близина на стариот пат, е подигнат од местото на несреќата и по наредба на јавниот обвинител врз него ќе се врши детално техничко вештачење од страна на Машинскиот факултет во Скопје. Заради правилно утврдување на фактите, на местото на несреќата беше присутна и екипа на Машинскиот факултет која ги направи првите проверки на исправноста на возилото. Од досегашните сознанија, утврдено е дека автобусот бил набавен во 2001 година, а последен пат бил регистриран во јануари 2019 година“, соопшти ОЈО Скопје.

Еден од патниците, кој ја преживеа несреќата, тврди дека воланот на автобусот се блокирал и дека тоа е причината за излетувањето на автобусот,