Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека не е можно Турција, членката на НАТО, позитивно да гледа на плановите на Шведска и Финска за приклучување кон пактот, додавјаќи дека двете земји се „дом на многу терористички организации“.

Планот на Финска да аплицира за членство во НАТО, објавен во четвртокот, и очекувањата дека Шведска ќе го следи, ќе доведат до проширување на западната воена алијанса што рускиот претседател Владимир Путин има за цел да го спречи.

Ердоган ја наведе загриженоста за активностите во двете земји кои ги поддржуваат сепаратистичките курдски милитанти кои со децении се борат за автономија во југоисточниот дел на Турција.

Секое проширување на НАТО бара едногласно одобрение од членките на алијансата. Турција е членка на НАТО од 1952 година.