Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ги повикал членките на БРИКС (Бразил, Русија, Кина, Индија и Јужна Африка) да и доизволат на неговата земја да стане члнека на Групата.

-Ние сме во Г20 каде има пет од овие земји. Сакам тие да преземат неопходни чекори и да ни дозволат да влеземе во БРИКС, изјави Ердоган во интервју за „Хуриет“ пред почетокот на состанокот на Групата во Јоханесбург.

Според Ердоган, предлогот е топло примен од земјите-членки, особено од Кина. Тој додаде дека БРИКС размислува да прими нов членки.

БРИКС е формирана во 2006 година на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург. Сегашните членки претставуваат 40 проценти од светската популација и 25 проценти од глоибачниот БДП.