Британската влада подготвува планови за складирање лекови и резерви на крв со цел да биде подготвена доколку не се постигне договор за Брегзит, потврдил секретарот за здравство Мет Хенкок.

Веста ја пренесоа британските медиуми, а некои истакнуваат дека ситуацијата со Брегзитот е толку конфузна и незивесна, што дури се најавува спроведување нов референдум за излегувањето од Европската унија.

Секретарот Хенкок пред Комитетот за здравство рекол дека имал средба со лидерите на фармацевтската индустрија со цел да „ги забрза“ подготовките за можниот исход од преговорите кои треба да завршат во март в година.

-Работиме на владино ниво да обезбедиме здравстениот сектор и индустријата да се подготвени здравјето на луѓето да биде заштитено во ситуација ако нема договор за Брегзит-изјави тој пред парламентарците.

Тоа, според него, значи складирање цела низа медицински средства, вакцини, медицински помагала, клинички средства како и продукти од крв.

Велика Британија се потпира на ЕУ од каде месечно увезува 370 милиони медицински пакети, како и крвна плазма, радиоактивни изотопи кои се користата за ренбдгенски снимки.

Доколку Британија во март не постигне договор за Брегзит, тоа ќе значи автоматско напуштање на ЕУ, па затоа владата на Тереза Меј наредила да се забрзаат плановите за такво можно сценарио.