Туристичката агенција Адриатик травел од Хрватска, со седиште во Сплит, на промотивната фотографија на Мостар, со фотомонтажа ги заменила џамиите со католички цркви.

На една од „промотивните“ фотографии, мостарските џамии Хаџи-Куртова и Незир-агина заменети се со цркви, односно наместо минаре прикажани се ѕвона на црква и катедрала, пренесува порталот Кликс. На истата фотографија, крстот од ридот Хум се наоѓа на ридот Фортица.