Екипите на крајбрежната стража на Турција во текот на 52 интервенции од 13 до 25 декември фатиле 991 мигрант и 10 шверцери на луѓе, и спасиле 526 мигранти кои грчките сили ги потиснале во турски води, јави Анадолија.
Во соопштението на турската крајбрежна стража се вели дека тимовите посветено работат дење и ноќе за да спречат гранични премини кои не се во согласност со меѓународното право и закони.
Се наведува дека дел од мигрантите поради политиката на грчките сили, стратегиите за враќање и притисоците ја смениле рутата кон Италија. Истакнато е дека на тој начин животите се дополнително загрозени, што ја зголемува загриженоста за можни нови страдања.
Крајбрежната стража истакна дека ќе продолжи да спречува чекори кои не се во согласност со законот и меѓународното право, притоа почитувајќи ги човековите права и принципите за давање помош на сите на кои им е потребна.