Два турски борбени авиони влегле утрото во грчкиот воздушен простор, прелетувајќи ја островската група Инусес во источниот Егеј.

Според генералниот штаб на Хеленската национална одбрана, два Ф-16 првпат прелетале над малите острови, летајќи на висина од 25.000 стапки.

Се вратиле неколку минути подоцна за да преминат преку островите Панагија, на висина од 18.000 стапки, јави „Катимерини“.

Овој инцидент се случи само неколку часа по изјавата на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, дека сè додека грчките авиони летаат над Егејот, ќе летаат и турските.