Македонскиот државјанин Бобан Томовски, кој важи за близок соработник на нарко босот Седат Пекер, е приведен на аеродромот во Истанбул и се очекува в сабота да биде испорачан во Македонија, објавија турски медиуми.

Според пишувањето на турските медиуми Томовски бил приведен во обид да отпатува за Египет.

Како што е наведено во објавите, Томовски бил близок соработник на Пекер и заедно дејствувале во Македонија, а живеел како бегалец во Обединетите Арапски Емирати.

Турските медиуми пишуваат дека и Томовски бил вмешан во шверцот со дрога на организацијата на Пекер и дека заедно делувале во времето кога Пекер престојувал во Македонија на Пекер.

-Конечно, лидерот на криминалната организација Бобан Томовски, познат по својата блискост со Седат Пекер, беше фатен на аеродромот Сабиха Гикчен. Томовски, кој наводно бил вмешан во шверц на дрога, бил приведен при обид да замине во Египет, пишуваат турските медиуми.

Името на Пекер почна да се споменува низ медиумите откако беше откриена аферата со издавањето на фалсификувани пасоши на светски криминалци со лажен идентитет од страна на Министерството за внатрешни работи на Македонија, на чие чело е министерот Оливер Спасовски.

Пекер неодамна во објава на Јутјуб рече дека бил близок со премиерот Зоран Заев, дека му одел на гости дома, а Заев тоа го негираше.