ТВ21 од неофицијални и сè уште непотврдени извори на ДУИ дознава дека меѓу раководството на ДУИ се споменуваат следните имиња за министри кои се уште се неофицијални поради фактот што Ахмети составот треба да го претстави пред централното раководство на партијата, вечерва во 18 часот. Според истите извори, Ахмети овој пат со мали консултации, но во најголем дел сам одлучувал за новите министри за разлика од претходните пати кога предлозите за министри доаѓале директно од ограноците на ДУИ.

Министерство за финансии – Фатмир Бесими
Министерство за надворешни работи – Бујар Османи
Министерство за информатичко општество – Ширет Елези
Министерство за животна средина – Насер Нуредини
Министерство за економија – Крешник Бектеши
Министерство за политички систем и вицепремиер – Артан Груби