Социјалните мрежи и вчера и денеска се полни со коментари во врска со политичарите кои се повикани на распит за криминалната афера Рекет, кои до вчера се сликаа со Боки 13, а денес твдрат дека едвај се познаваат.

– Кирацовски: Со Боки само еднаш, случајно, сум се фотографирал на негово барање. Овие мислат ова далечно минато е па никој не се сеќава. Будала го прават народов. Еве една случајна, твитна корисникот со псевдоним Хенри Чинаски и на Твитер објавува фотографија на која се гледа Боки 13 со целиот државен и партиски врв на СДСМ.

Многубројни се коментарите и на Фејсбук, како и на Твитер, со реакции на граѓаните во врска и со вчерашната изјава на пратеничката Фросина Ременски и денешната изјава на пратеникот Александар Кирацовски, дека тие едвај се познавале со Бојан Јованоски алијас Боки 13, кој е притворен и првоосомничен во криминалата афера Рекет.

На фотографиите со кои е преплавен интернет се гледа Боки 13 и на журки, свадби и други приватни настани, на кои е фотографиран со кремот на државниот и партискиот врв на СДСМ. А денес сите тврдат дека тие или Боки 13 „не е одовде“.