Пробај со Оливер Спасовски во срч, ама напиши на македонски оти ако напишеш на бугарски ќе ти излезе Рамбо, е еден од коментарите на социјалните мрежи од корисници кои тераат мајтап со претседателот на бугарската антимакедонска организација „Македонија“, Виктор Стојанов.

Тој по вчерашните настани на Деве Баир распиша „потерница“ и понуди 200 евра на оној кој ќе му го каже името и презимето на полицаецот од Граничниот премин Деве Баир.

Една од најдуховитите објави е на Твитер од твитерџијката со псевдоним Јустиција:

– Друже бугар, пробај со Оливер Спасовски во срч. Ама на македонски пиши, ако пишеш на бугарски Рамбо ќе ти го даде во резултати на пребарувањето.

На Твитер, на Фејсбук и на други социјални мрежи на „потерницата“ од Стојанов одговорија стотици корисници на социјалните мрежи, најчесто со иронија и мајтап.
Твитерџиите му одговорија на Стојанов, полицаецот се вика Оливер Спасовски.

(Д. Г.)