Уапсен екс директорот на УБК, Владимир Атанасовски

/ 04.12.2018

Владимир Атанасовски, екс директор на УБК, кој на тоа место дојде по заминувањето на Сашо Мијалков од функцијата, вечерва е уапсен.

Се очекува тој да биде изнесен пред надлежен судија, а Обвинителството за него побарало да биде одредена мерката притвор.

Апсењето на екс дирекеторот на УБК се случува по вчерашното сведочење на еден од обвинетите за настанати од 27 април ланската година, кој го посочи Атанасовски како еден од луѓето кои стојат зад тие случувања поради кои 33 тројца се обвинети за тероризам.

На функцијата директор на УБК дојде на први септември 2016 година и остана до 16 јуни 2017 година.


Од истата категорија