Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Мети Сејдини. Првично се сомничи за проневера на 700.000 евра пари од УЕФА доделени на ФФМ за поддршка и изградба на трибина во Охрид. Акцијата ја спроведува МВР во соработка со Јавното Обвинителство.

Неофицијално, со доаѓање на новото раководство на ФФМ, увидени се злоупотреби и истите се пријавени до МВР. Подолго време старото раководство на ФФМ беше производ на скандали кои утрово завршуваат со апсења.

Во рамките на предмет оформен во ОЈО Скопје, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за криминалистичка полиција лишија од слобода едно лице поради дејствија кои упатуваат на сомненија за сторени кривични дела – проневера и злоупотреба, информираат од ОЈО Скопје по веста дека е уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Мухамед Мети Сејдини.

Од Обвинителството посочуваат дека се уште се преземаат дејствија по наредба на јавниот обвинитеел, а повеќе детали за натамошниот тек на постапката ќе бидат споделени по завршувањето на дејствијата кои се во тек.

Сејдини според првичните неофицијални информации се сомничи за проневера на 700.000 евра пари од УЕФА доделени на ФФМ за поддршка и изградба на трибина во Охрид.

Неофицијално, со доаѓање на новото раководство на ФФМ, увидени се злоупотреби и истите се пријавени до МВР. Подолго време старото раководство на ФФМ беше производ на скандали кои утрово завршуваат со апсења.