Во Косово денеска е уапсен Р.К., првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во скопската населба Дуќанџик, објави Алсат.
Според информациите на телевизијата, Р.К. бил уапсен од косовската полиција, додека по вториот осомничен сè уште се трага.
Тешкиот инцидент се случи вечерта на 6 септември во Дуќанџик. Според досега објавените информации, Р.К. заедно со И.С. се сомничи дека пукал кон група лица.
Во престрелката животот го загуби 26-годишниот А.М., додека уште неколку лица беа повредени.
Истрагата за случајот продолжува, а вториот осомничен засега останува недостапен за органите на прогонот.




