Полицијата утрово го уапси лидерот на партијата ГРОМ, поранешен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевче Јакимовски. Тој е уапсен по налог на јавен обвинител, а утринава треба да биде изведен пред судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд.

Јакимовски во август минатата година беше уапсен во врска со три тендери, два општински и еден за плоштадот во населбата Жданец.