Вчера синоќа и денеска утрово, на различни локации во Скопје полицијата уапси седуммина осомничени за продажба на дрога.
Меѓу уапсените е и 17-годишен малолетник од Скопје. Кај сите нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.




