Во близина на главниот плоштад во Тетово денеска беше пронајден убиен Ф.Т. роден во 1962 година, објави ТВ Алсат-М.
Безживотното тело на мажот е пронајдено во неговиот автомобил од страна на неговиот син кој веднаш потоа пријавил во полиција. Убиениот е поранешен возач на Хазби Лика и во моментот бил вработен во Секторот за урбанизам во општина Тетово.
На стаклото од автомобилот се пронајдени дупки од огнено оружје, но сеуште не е познато дали станува збор за убиство или самоубиство.
Полициските сили пристигнаа на местото на настанот и целосна истрага ја спроведува тетовското Обвинителството.