Жена во скопската населба Шуто Оризари вечерва настрадала во обид да ги раздели двајца блиски роднини кои биле во кавга.

Според извори од истрагата, како што пренесоа повеќе медиуми, убиството се случило околу 22:30 часот. Жената (31) настрадала во тепачка меѓу двајца братучеди кои почнале расправија додека седеле и пиеле во дворот кај  едниот од нив.

Потоа едниот од братучедите за кратко заминал и се вратил со нож, а сопругата на другиот се обидела да ги смири и да ги раздвои. Притоа во гужвата била прободена со ножот и починала на самото место. Подоцна интервенирала полицијата и ги привела двајцата братучеди.

Од МВР го потврдуваат убиството, а повеќе детали најавуваат за утре.