Јане Киров објави на Фејсбук ученичка книшка од 1947 година од училиште во Благоевградската околија, некогаш Пиринска Македонија, денес Република Бугарија.

„Нашите дечиња учеле македонски јазик и добивале оценка по истиот предмет. Македонските историчари треба погласно да зборуваат за овие работи, ова е голем историски доказ, оти нели денес бугарите велат дека македонскиот јазик не постои и дека ние сме еден ист народ што зборува на ист јазик. Епа ете, не било така“, напиша Јане Киров.