Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, испрати писма до лидерите на европските клубови, пренесува „АП“. Тој одлучи да ја одложи дискусијата за промена на форматот на Лигата на шампионите.

Андреа Ањели, претседател на Јувентус и Европската клупска асоцијација, претходно го критикуваше форматот на европските натпреварувања и предложи измени во форматот со воведување на систем на дивизии.

Првичниот предлог од челниците на клубовите за состанок со Чеферин беше 11 септември.