Две британски спортистки се исфрлени од изборот за Олимпијадата затоа што во финишот на триатлонот во Токио влегоа држејќи се за раце.

Станува збор за Џес Лирмонт и Џорџија Тејлор Браун кои беа дисквалификувани за време на квалификациите за триатлон за Олимпијадата 2020 година, пренесува BBC.

Фото-финиш и ја донесе победата на Леармон, но нивниот резултат беше избришан затоа што ги прекршија регулативите за триатлон.

Во правилото 2.11 Ф на Меѓународниот триатлон сојуз стои:

-Спортистите кои завршуваат истовремено во вештачки создадена ситуација без да се обидат да се разделат за време на финишот, мора да бидат дисквалификувани.