УЕФА отвори формална постапка против Барселона во таканаречениот случај Негреиро. Овој потег дојде откако Реал Мадрид достави 50.000 страници документација до европското фудбалско управно тело.
Иако случајот е застарен според шпанските спортски прописи, УЕФА го смета за активен и има намера да го истражи до крај.
Предмет на истрагата се исплатите направени од Барселона во износ од 8,4 милиони евра на поранешниот потпретседател на Техничкиот комитет на судиите помеѓу 2001 и 2018 година.
УЕФА сака да ја утврди целта на овие исплати, што каталонскиот клуб сакал да постигне со нив и вистинското влијание на наводните извештаи за кои платил.
Кога аферата стана јавна во април 2023 година, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, оцени дека тоа е една од најсериозните ситуации што ги видел во фудбалот.
„Не можам директно да коментирам за ова од две причини. Прво, затоа што имаме независно дисциплинско тело кое се занимава со ова. Второ, затоа што не го проучив случајот детално.




