Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а повремено врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места претежно во западните делови. Врнежите на места ќе бидат пообилни, а на планините снежната покривка ќе се зголемува.

Во вечерните часови денеска во јужните и источните делови ќе започнат врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде.

За утре, УХМР најавува пообилни врнежи во источните делови (до утре вечер над 35 л/м2), а во југоисточните ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи и засилен ветер. Во западните делови врнежите претпладне повремено ќе преминуваат во снег и во повисоките населени места. До крајот на денот врнежите ќе престануваат и во вторник ќе настапи преодно стабилизирање на времето.

Од среда повторно ќе има врнежи од дожд и снег со променлив интензитет.