Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. Од понеделник до среда ќе има локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а во вторник ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Најниска температура изутринава е измерена во Берово минус еден степен, а највисока во Скопје – Зајчев Рид и Велес, осум степени Целзиусови.
Според информациите на УХМР изутринава се измерени минус еден степен во Берово, нула во Лазарополе, еден во Mаврови Анови и Попова Шапка, два во Крива Паланка, четири во Тетово и Битола, пет во Охрид, Претор, Штип, Струмица и Kрушево, шест во Прилеп и Гевгелија, седум во Куманово, Виница, Кавадарци и Демир Капија и осум во Скопје-Зајчев Рид и Велес.
Количината на врнежи за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2) изнесува четири во Струмица, еден во Велес, Берово, Ѓуриште.




