Времето во Македонија до недела ќе биде претежно стабилно, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

В недела ќе има услови за краткотрајна нестабилност, а потоа до среда ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи. Утринските температури до вторник ќе бидат во постепено зголемување, прогнозираат од УХМР.

Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец што ќе предизвика дополнителен пораст и на дневните температури.