Во следните денови времето ќе биде претежно сончево и топло. Само утре во попладневните часови наместа облачноста ќе се зголеми, особено во планинските подрачја каде ќе има услови за краткотраен дожд.
Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи утре и во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 60 km/h).
Времето денеска сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени. Времето во Скопје сончево и топло со слаб северен ветер.
фото МИА архива