УЈП ЗА ТИЕ ШТО „СЕ БОГАТАТ“ ОД ФИСКАЛНИ: Новата верзија на апликацијата Мој ДДВ, од денеска е достапна и на Гугл плејстори

/ 10.08.2022

Управата за јавни приходи информира дека прилагодената верзија на апликацијата МојДДВ, од денес е достапна и на Google playstore.

-Корисниците на апликацијата, треба првин на направат ажурирање (update) на МојДДВ на playstore, а потоа да се најават на апликацијата и во делот ,,профил,, во прозорчето ,,тип на баркод скенер“ да одберат „напреден“.

Управата за јавни приходи, исто така информира и дека е во тек исплатата на дел од ДДВ, изразено во фискалните сметки кон корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тримесечје од 2022 година, а секој корисник може да ја провери состојбата на исплата од МојДДВ на својот кориснички профил на www.epdd.ujp.gov.mk.


Од истата категорија