Претседателот на Украина Володимир Зеленски и неговата сопруга Олена се најдоа на насловната страница од модното списание Вог во кое се објавени и повеќе фотографии за кои позирал украинскиот брачен пар.

Володимир и Олена Зеленски во интервјуто говорат за себе, за својот брак и за војната во Украина.

– Секогаш сум сакала да бидам зад сцената, тоа ми одговараше. Доаѓањето на сцената тешко ми падна, вели Зеленска.

Таа рааскажува дека се запознале во средно училиште, дека оделе заедно на факултет и дека пред Зеленски во 2019-та година да стане претседател, двајцата работеле во забавната индустрија.

Парот во соработка со неколку пријатели во 2003-та година ја основал продукциската куќа „Квартал 95“, која станала најголема на подрачјата каде се зборува руски или украински јазик. „Квартал 95“ ја продуцирал популарната сатирична програма Вечерен квартал. Зеленски тогаш настапувал како водител, а Зеленска го пишувала сценариото.

Зеленска вели дека не била воодушевена од неговата кандидатура за претседател бидејќи се плашела дека таа функција премногу ќе ги изложи нив и нивните деца, ќерката Александра и синот Кирил. Вог нагласува дека и покрај стравовите, Олена одлично се снашла во улога на прва дама.

– Се радуваме на победата. Не се сомневаме дека ќе победиме, порачува Зеленска во интервјуто.

Зеленски открива дека се обидел да ја придобие со хумор, но дека тоа не му успевало.

– Моите шеги не и „легнува“ секогаш баш добро, признал Зеленски во интервјуто за модното списание Вог.