Белгород се наоѓа на околу 40 километри од границата со Украина. Се појавија информации дека експлодирал магацин за оружје, но тоа засега не е потврдено.

Локалните руски медиуми ја пренесуваат изјавата на гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков. Тој вели дека експлозии се слушнале во Белгород и во регионот на Белгород. Инцидентот се случил во селото Красни Октјабр.

Според лидерите на регионот, во селото нема жртви, нема повредени или материјална штета. Официјално објаснување за експлозијата нема, а Гладков вети дека ќе ја објави подоцна.

Руските медиуми пренесуваат и изјави на очевидци дека на местото пристигнале противпожарни возила.