Русија во текот на ноќта изврши напад врз територијата на Украина со 11 беспилотни летала камикази од типот „Шахед“ и пет ракети, соопшти украинската армија.

Како што е наведено, украинските сили и средствата за противвоздушна одбрана уништија крстосувачка ракета „Искандер-К“ и 10 напаѓачки беспилотни летала.

„Руските окупатори извршија нов напад врз Украина, користејќи четири противвоздушни наведувани ракети С-300, крстосувачка ракета „Искандер-К“ и 11 напаѓачки беспилотни летала „Шахед-136/131“, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Според соопштението, во рускиот напад е оштетена Централната градска болница во градот Селидово во Доњецката област, како и зградата на рудникот Котљаровскаја и друга цивилна инфраструктура. рп/

Фото: МИА архива