Украинската армија соопшти дека во текот на ноќта уништила осум од девет руски беспилотни летала.

Главниот град на Украина, Киев вчера беше нападнат со 70 дронови, при што загинаа пет лица.

Киев изминатиот период предупредува дека Русија пред почетокот на зимата повторно ќе ја гаѓа критичната цивилна инфраструктура.

Русија утрово соопшти дека осуетила голем напад со украински беспилотни летала. Најмалку 20 дронови биле соборени над регионот на Москва, Тула, Калуга и Бринска. Од остатоците од дрон повредено е едно лице во Тула.