Украина ќе мора да им ги врати парите на САД што се трошени за потребите на Украина во војнта со Русија, изјави украинскиот воен експерт Олег Жданов.

Тој, како што пренесе Вечер, истакнува дека Украина добила вкупно околу 60 милијарди долари помош од САД, од кои 54 милијарди долари се заеми.

– Ова сугерира дека САД инвестираат во својот воено-индустриски комплекс. Тие ја гасат инфлацијата со отворање работни места, остваруваат профит преку протокот на пари, а потоа ќе вратиме 54 милијарди од околу 60 милијарди што ни ги дадоа, тврди Жданов.