Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ја одржи 35-тата годишна конференција под мотото „Нашата генерација – нашата Македонија“.

Како што информираат од ВМРО-ДПМНЕ, на конференцијата ќе се обратат претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски и претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески.

Конференцијата ќе се одржи во салата „Расадник“ во Општина Кисела Вода, со почеток во 16 часот.