Напаѓачот на Барселона, Пјер-Емерик Обамејанг постави уникатно достигнување. Тој на вчерашниот натпревар од 25. коло на шампионатот во Шпанија против Валенсија (4:1) постига три гола. Ова се негови први погодоци за каталонскиот тим по заминувањето од Арсенал.

Така, напаѓачот од Габон стана првиот играч во 21 век кој постигнал хет-трик во француската Лига 1, германската Бундеслига, англиската Премиер лига и шпанската Ла Лига.

Додека беше во Франција, Обамејанг играше за Дижон, Лил, Монако и Сент Етјен, во Германија за Борусија Дортмунд, во Англија за Арсенал.