Управата на трофејниот италијански фудбалски клуб Милан му поставила ултиматум на кинескиот бизнисмен и сопственик на клубот Јонгхонг Ли да вложи 40 милиони евра до крајот на јуни, во спротивно ќе го изгуби сопствеништвото.

Поводот за ваквиот развој на настаните во поранешниот европски и италијански шампион е лошата финансиска состојба, како и потенцијалната суспензија од УЕФА од евро-куповите.

Во случај Ли да го загуби сопствеништвото, главниот збор во Милан ќе го има групацијата „Елиот“ која ќе се обиде да ја среди ситуацијата.

Милан изминатата сезона ја почна со големи амбиции, но помина низ турбулентен период, со тренерски смени, за на крај да западен во финансиска нестабилност.