Ураганот „Мајкл“ е се посилен и се приближува до брегот на американската држава Флорида. Можно е таа држава да биде погодена денеска, а гувернерот повика жителите да се евакуираат. Ураганот би можел да удри на Флорида како најсилна бура оваа година и од трета категорија да премине во четврта.

Гувернерот на Флорида, Рик Скот нагалси дека Мајкл е монструозна бура и може да предизвика целосно уништување. – Не можете да се скриете од поплави. Бегајте, наредена е евакуација, истакна гувернерот.
На удар се околу 3,7 милиони жители на северна Флорида и соседни држави.