Во воденскиот парк мегу селата Владово и Теово (Каридија) во Воден откинати се главите од бистите на двајца андарти Телос Агапинос познат како капетан Аргас, офицер родум од Навплион и неговиот курир Андонис Мингас, е објавено на страницата Беломорска партија на Фејсбук.

И двајцата се бореле против домородните Македонци пред повеке од еден век.

Од фотографијата може да се види дека непознат сторител ги откинал главите на двајцата андарти поради нивните ѕверства врз домородните Македонци.

И двајцата андарти биле обесени од Македонци комитите на ВМРО од четата на Георги Мучитанов-Касапчето во 1907 година.

Во Владово и Теово отсекогаш живееле само Македонци, каде од грчките власти биле подигани бисти и споменици на андарти кои извршиле ѕверства врз домородните Македонци во Беломорскиот – Егејскиот дел на Македонија, стои во објавата.

Инаку, во последно време, се почесто на Фејсбук и други социјални мрежи, како и на Јутјуб, се објавуваат информации и видеа за собири на Македонци од Егејска Македонија, по повод верски и други празници, на кои се пеат македонски песни и се играат македонски ора. За одбележување е и тоа што освен масовност на овие прослави може да се види дека традицијата ја негуваат млади Македонци и Македонки.