Бројот на починати од новиот коронавирус во Холандија се зголеми за нови 115 лица, со што вкупно изнесува 1.766 смртни случаи во земјата, соопштија денеска холандските здравствени власти.
Инфекцијата е потврдена кај уште 1.224 луѓе и вкупно има 17.851 заразен со Ковид-19, соопшти Институтот за јавно здравство.