Уште никој не знае од каде доаѓа смрдеата во хируршките сали. Резултатите од германската лабораторија која што треба да утврди каков гас се шири во хирушкиот блок засега ги нема. Од Министерството за здравство не добивме одговор кога ќе пристигнат. Од таму молчат и на прашањето дали од утре ќе се активираат повеќе хирушки сали на Клинички.
ДСЗИ, Малмед, технички и трудов инспекторат сите овие институции направиле вонреден инспексицски надзор на хирушките клиники по пријава од вработените.
“Надзорот е завршен и издадена е инспекциска мерка – да се изврши мерење на хемиските штетности во просториите на хирушките клиники. Вработените се пожалија на непријтен мирис и печење на очите. Мерењата треба да ги направат лиценцирани фирми за таа намена”, велат од трудов инспекторат.
„Пегаз“, „Трегер“, „Винора“, „ТГС технички гасови“, „ЛГ вест Балкан“… се фирмите од кои Министерството за здравство побарало помош за непријатната миризба по хируршките сали во Клиничкиот центар. Речиси еден месец трае проблемот, но никој до сега не го детектирал изворот на непријатната миризба.
Стручните лица кои се надлежни за компресорската станица, велат дека таа работи. Во заедничките служби на клиниките, тврдат дека пред два месеца се расипал еден од компресорите, но работат со останатите два и оти во ниту еден момент не запреле со работа.
Хируршките сали се затворени поради миризба од непознато потекло, а се оперираат само итните случаи. На ортопедија и траума од 6 сали работат само две.