Mакедонските винарии освоија вкупно 162 награди на 13-тиот Balkans International Wine Competition and Festival, што годинава се одржа во две држави Турција и Бугарија. Успехот на македонски винарии е постигнат во конкуренција со над 1200 вински етикети презентирани од винарии на 16 држави учеснички, соопшти МЗШВ.
Трофеј за органско вино освои Винарија Брзанов, Винаријата Лазар освои трофеј за домоделно бело, а трофеј за најдобро регионално вино доби Винарија Илиев. Дополнително македонските винарии на овој натпревар освоија три двојни злата, 47 златни медали, 69 сребрени и 40 бронзени медали.
Македонски семејни винарии и на овој вински натпревар се покажаа во одлично издание, оправдувајќи ја поддршката која во својот развој ја имаат од државата, освојувајќи 81 награда што е половина од вкупната бројка на наградени македонски вина.
Линк до резултатите од 13-тиот Balkans International Wine Competition and Festival: https://balkanswine.eu/competition/results-2024/?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR2GJVSoVFiF74wp9GwrttB49vaukdpvE3-Hv2OSCjNMLppk4wt7IGp_AaI_aem_ZmFrZWR1bW15MTZieXRlcw
Фото: МЗШВ