Уставниот суд на Македонија кој треба да ја штити уставноста и уставните права на граѓаните денеска го спречи уставното право на граѓаните да бидат информирани, а новинарите слободно да информираат.

Моментно во Уставниот суд на Македонија тече средбата помеѓу претседателот на судот, Сали Мурати и амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, но службите од судот на дрзок начин не дозволија никакво присуство на медиумите во зградата.

Од таму велат дека изјавите можат да земаат само надвор од објектот.

Како што објави ТВ Телма, нема информации за каква средба станува збор и зошто евроамбасадорот Жбогар е во судот.