Владата денеска на седница ја усвои Националната платформа за намалување ризици од катастрофи. Се работи за документ кој на системски начин ги поттикнува и обврзува субјектите на системот за управување со кризи, заштита и спасување, да дејствуваат на многу поорганизиран и ефективен начин за рано предупредување, превенција, намалување и санирање на последиците од можни катастрофи.
-Со оваа Платформа Владата ги поставува и развива системите и стандардите за спречување и намалување на последиците од катастрофи, користејќи ги научните и стручните капацитети, посебно обврските кои произлегуваат од бројните резолуции на ООН, меѓународните рамки, директивите на ЕУ поврзани со цивилната заштита, НАТО стандардите и компаративните искуства од другите држави и меѓународни организации и асоцијации, соопшти владината прес-служба.