Крстосницата на булеварите „Борис Трајковски“ со „Србија“  во Скопје утре од 7 часот ќе биде затворен за собраќај поради протест.

Како што соопшти МВР, поради најавен протест на група граѓани со блокирање на крстосница, сообраќајот ќе биде пренасочен по локален пат кон Горно Лисиче, булеварот „12-та Македонска Бригада“, булеварот „Трета Македонска бригада“ и улицата “Народни херои“.

Од МВР апелираат сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.