Времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи, кои во западните делови ќе бидат претежно од снег. Во попладневните часови врнежите ќе преминуваат во снег на повеќето места низ земјава, освен на југоистокот каде ќе бидат претежно од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во западните и југозападните делови од земјава, каде се очекува да наврнат и над 30 л/м2 воден талог и на повеќето места ќе се формира снежна покривка.

Утринската температура ќе се движи од минус три до четири, а дневната од еден до 10 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, кои на крајот од денот ќе преминуваат во снег и ќе има услови да се формира мала снежна покривка.

Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до пет степени.

Нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд ќе има во вторник.