Во периодот од 6.30 до 7.30 часот утрово во Грција беа регистрирани три земјотреси од 4,7, 4,1 и 4,2 степени според Рихтер со епицентар во морскиот дел источно од островот Евија, согласно податоците од Геодинамичкиот институт на Опсерваторијата во Атина, а засега нема информации за повредени или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.

Првиот земјотрес од 4,7 степени во 6.32 часот утрово по локално време беше регистриран на девет километри од копното на Евија, а подоцна, за помалку од еден час следеа уште два земјотреси, исто над четири степени.

Земјотресите, освен на Евија, беа почувствувани и во областа Атика, поширокиот регион на Атина.