Ова е број на инјектирани вакцини на 100 жители. Израел има 117 дози на 100 жители затоа што некои имаат примено по две дози.

Израеле прв на оваа листа. Унгарија е лидер во Европската Унија, а Србија на Балканот.

Македонија има употребено околу 13 000 вакцини. Тоа се 6 500 дози на еден милион жители, Односно 0,65 дози на 100 жители. настран тоа што главно станува збор за донации.

Но, во секој случај, „Слушај го Венко“ трае со несмалена жестина. Што би рекол Гебелс кога се повлекувале од СССР: „нашите војници не бегаат, туку ја скратуваат линијата на фронот“. И, многу Германци верувале дека тоа е така.

Подоле е табела на вакцинирани по земји според процентот на население опфатено со вакцинацијата. Изнанадува нискиот процент на Русија која има своја вакцина, но каде се вакцинирани помалку од 10 милиони луѓе (145 милиони жители) наспроти, на пример, САД кои имаат своја вакцина и се вакцинирани над 100 милиони лица или В. Британија со вакцинирани на 30 милиони лица.