Од следната сезона во англиската Премиер лига ќе се користи ВАР-технологијата, беше одлучено на денешениот состанок на клубовите во таа лига.

Сега преостанува барањето за воведување на ВАР да се испрати во ФИФА.ВАР изминативе години на островото функционираше само како проект и беше употребуван на мечевите од Лига Купот и ФА Купот.

ВАР-технологијата се користеше на СП 2018 во Русија, а се користи и во фудбалските лиги на Италија и Германија.

Toj систем ќе се користи и во Лигата на шампионите и Лигата на Европа од летото идната година.