Македонскиот ракометен првак Вардар втор пат за само шест дена загуби од Барселона во годинашното издание од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ вечерва загубија на гостински терен со убедливи 34:26.

Високиот пораз е претрпен поради лошото второ полувреме кое вардарци го загубија со 18:11, откако на пауза отидоа само со еден негатива (15:16).

За Вардар ова е трет пораз по осум рунди во ЛШ по што падна на четвртата позиција.

Барселона е прва со седум победи и само еден пораз.

Резултати на другите натпревари од 8.коло во А-групата:

Киелце – Мешков Брест 34:31

Монпеље – Рајн Некар 31:26

Веспрем – Кристијанштад 36:27.