ВАРДАР ВО МЕДИТЕРАНОТ: Оригинална фудбалска честитка од Анталија за Водици

/ 19.01.2020

Фудбалерите на скопски Вардар денеска на православните христијани им го честитаа верскиот празник Водици од  водите на Медитеранот.

Како што пишува Спрот медиа, сите играчи на најтрофејниот македонски тим се капеа во Средоземното Море, и на тој начин на сите верници им го честитаа денешниот празник.

Вардарци се на подготовки во Анталија во Турција, каде од утре ја почнуваат серијата на пријателски средби. Прв противник на Вардарци ќе биде тимот на Хајдук од Сплит.


Од истата категорија