Цариградскиот патријарх Вартоломеј се сретнал со делегација на Украинската православна црква-Московска патријаршија (УКМ-МП) на која и соопштил дека не поддржува создавање автокефална црква на Украина.

По завршување на средбата тоа го објавил вториот по ранг архиереј во УКМ-МП, митрополитот Бориспољски и Броварски Антониј.

Според неговите зборови, Вартолемеј не сака да се меша во внатрешниот православен спор во Украина, но сака да помогне во решавање на проблемите.

Антониј додал дека се се разгледува внатре, во рамки на канонските правила и дека Вартоломеј навел дека се појавуваат лажни информции според кои тој веќе го потпишал томосот за афтокефалност на украинската црква.

Покрај УПЦ-МП, во Украина постојат и две непризнати цркви, Киевската патријаршија и Украинската автокефална црква.

Украинскиот парламент кон крајот на април го поддржал обраќањето на претседателот на државата Петар Порошенко, кој го замолил Вартолемеј да дозволи да се формира обединета украинска автокефална православна црква.

Неодамна писмо до Вартоломеј упати и Зоран Заев во врска со признавањето на МПЦ-ОА, а писмо до вселенскиот патријарх упати и самата црква барајќи признавање само како Охридска архиепископија. По ова, станува јасно дека томос нема да се добие, но останува документот дека МПЦ побарала признавање со бришење на националниот предзнак.